This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.
Најдете ја вистинската работа за Вас - брзо, лесно и без мака.
Ќе ја најдеме вистинската можност за Вас, без разлика дали барате привремено вработување, или повисока, раководна позиција.
На кандидатите им нудиме огромна база на податоци за потенцијални работодавци и отворени работни позиции, што значи дека секој ќе може да најде работа што навистина му одговара.
Агенција на која можете ѝ да верувате
Без фиктивни провизии и
Вашите пари се Ваши пари - ние не земаме никаков процент од сумата што ја заработувате, почитувајќи ги сите правила дефинирани со Законот за работни односи и Законот за приватни агенции.
Сигурно плаќање
Гарантираме дека ќе бидете исплатени во договорената временска рамка.
Баланс помеѓу флексибилност и стабилност
На кандидатите им нудиме привремена работа во периоди на невработеност, им овозможуваме да испробаат различни позиции, но исто така им овозможуваме полесен пат до долгорочно вработување.
Најдете одговори на најчесто поставуваните прашања
Зошто да соработувате со агенција за вработување?
Соработката со агенции за вработување е само еден начин да ги зголемите Вашите шанси да ја пронајдете работата што ја сакате. Агенциите за вработување честопати дејствуваат како „посредник“ кој Ве идентификува и Ве поврзува со потребите за вработување претставени од работодавците. Честопати, работодавците објавуваат отворени позиции преку Агенциите за да го ослободат нивниот деловен систем од временски долгиот процес на регрутирање и избирање на вистинската личност.
Што се случува откако ќе аплицирам за работа преку ДЕКРА оглас за работа?
Специјалистите за регрутација ги прегледуваат апликациите и биографиите на кандидатите и проверуваат до кој степен искуството на кандидатот ги исполнува барањата за работа наведени од страна на клиентот. Кандидатите од потесниот круг се поканети на интервју со специјалист за регрутација. Потоа, во зависност од проценката на знаењето и мотивацијата за работата, кандидатите се препорачуваат или не се препорачуваат на клиентот. Понекогаш, во оваа фаза, поради специфичните барања на клиентот, неопходно е да се учествува во психолошка проценка или да се провери одредено знаење. Потоа клиентот го превзема кандидатот и спроведува дополнителни рунди на интервјуа и преговори за работа. Доколку кандидатот ја прифати понудата за работа и започне со работа, односно на крајот од процесот на регрутирање, агенцијата ги известува останатите кандидати за исходот од изборот. Биографиите на кандидатите автоматски се чуваат во базата на ДЕКРА до крајот на тековниот избор на работно место, а биографиите на оние кандидати кои дале согласност за задржување на податоците се чуваат до 5 години.
Можам ли да ја испратам мојата биографија директно до ДЕКРА?
Доколку ја испратите Вашата биографија на една од контакт мејл адресите, ќе бидете пренасочени на страницата за кариера на ДЕКРА, каде што е неопходно да се регистрирате и да отворите профил. Постапката е исклучително едноставна и брза. Агенцијата користи специјализиран деловен софтвер за управување со бази на податоци на кандидати и со бројни процеси на селекција, со цел да бидат поефикасни. Најавувањето преку линкот на страницата за кариера е исто така суштинско за да се информирате за користењето на личните податоци и за давање согласност за користење на вашите податоци.
Дали агенцијата за привремени вработувања зема провизија од агенциските работници?
Нашите услуги се бесплатни за кандидати/баратели на работа. Можете да се регистрирате на нашиот веб сајт или да аплицирате за огласите за работа што ги нудиме бесплатно, а ние ќе Ве контактираме и ќе Ви понудиме работа што ќе одговара на Вашето искуство и образование.
Дали агенцијата ги покрива патните трошоци за интервјуто?
ДЕКРА не ги покрива трошоците за превоз што може да настанат при пристигнување или патување на интервју со агенција или потенцијален работодавач. Понекогаш работодавачите ги покриваат трошоците за превоз на кандидатите доколку се очекува од нив да патуваат за да присуствуваат на последните рунди на интервјуа, но првите рунди интервјуа обично не се покриени со надоместок за патување.