decor
Консалтинг за човечки ресурси

Сертифицирани психолози го преземаат целиот процес на селекција при регрутирање.

Имајте доверба во квалитетот на вашите нови работници.

Ангажирањето на професионалци за највисоките раководни позиции, за среден и понизок менаџмент, како и специјалистички профили не мора да биде ноќна мора. Има голема побарувачка за овие
професионалци на пазарот на трудот, а ние ќе избереме кандидати кои ќе донесат брзи резултати и ќе се вклопат во иднината на вашиот бизнис.

Чекорите во процесот на регрутирање и селекција:

  • Анализа и подготовка на проектот – Запознавање со организациската култура на вашата компанија, профилирање на работните улоги и идентификување на конкурентите и професионалците на пазарот.
  • Регрутирање кандидати – Преку онлајн канали (веб-сајтот на ДЕКРА и социјалните мрежи, внатрешната база на податоци на кандидати, базите на партнерски портали) и личен пристап до кандидатите во целните индустрии/компании (headhunting).
  • Избор на најдобрите кандидати – Интервјуа, психолошко тестирање, проверка на препораки, презентирање на најдобрите кандидати на клиентот, организација на финални интервјуа.
  • Завршна фаза – Обезбедување повратни информации до кандидатите, соработка со финалистите за време на преговорите и преодната фаза помеѓу двата работодавачи.
КОНСАЛТИНГ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ - УСЛУГИ

Заинтересирани сте да работите со нас? Испратете ни барање - не превземате никакви обврски.

    Прашање или порака *