Имајте доверба во квалитетот на вашите нови работници.
Ангажирањето на професионалци за највисоките раководни позиции, за среден и понизок менаџмент, како и специјалистички профили не мора да биде ноќна мора. Има голема побарувачка за овие
професионалци на пазарот на трудот, а ние ќе избереме кандидати кои ќе донесат брзи резултати и ќе се вклопат во иднината на вашиот бизнис.
Чекорите во процесот на регрутирање и селекција:
- Анализа и подготовка на проектот – Запознавање со организациската култура на вашата компанија, профилирање на работните улоги и идентификување на конкурентите и професионалците на пазарот.
- Регрутирање кандидати – Преку онлајн канали (веб-сајтот на ДЕКРА и социјалните мрежи, внатрешната база на податоци на кандидати, базите на партнерски портали) и личен пристап до кандидатите во целните индустрии/компании (headhunting).
- Избор на најдобрите кандидати – Интервјуа, психолошко тестирање, проверка на препораки, презентирање на најдобрите кандидати на клиентот, организација на финални интервјуа.
- Завршна фаза – Обезбедување повратни информации до кандидатите, соработка со финалистите за време на преговорите и преодната фаза помеѓу двата работодавачи.