Подобрување на услужувањето на клиентите преку надгледување на квалитетот на работата.
Сакате да дознаете колку клиентите се задоволни од вашата услуга или производ? Ве интересира како купувачите го перцепираат вашиот бренд? Ние ги знаеме одговорите на вашите прашања!
Нашите методи за истражување на пазарот вклучуваат:
- Таинствено купување – Метод за истражување на пазарот каде обучени тајни купувачи се претставуваат како ваши потенцијални клиенти.
- Таинствено јавување – Истражување кое ви дава информации за тоа што навистина се случува кога клиент или потрошувач ќе ја контактира вашата компанија, продавница или кол-центар.
- После купување – Уникатен концепт за истражување на пазарот кој вклучува анкетирање на клиентите откако ќе ја напуштат продавницата, додека искуството од купувањето сè уште е свежо во нивната свест.
- Броење на посети – Вид на истражување направено во близина на вашата продавница, што ви овозможува дискретно да го споредите бројот на дневни посети на вашите продавници со бројот на трансакции направени во текот на денот.
- Анкета за задоволството на клиентите – Систематски и објективен начин за собирање информации од вашите клиенти/купувачи; метод кој дава одговор на прашањето како клиентите се чувствуваат во врска со пружената услуга или со производот.
Зошто да се спроведе истражување на пазарот?
Истражувањето на пазарот е извонредна алатка за проверка на задоволството на вашите клиенти и за утврдување колку внимателно вашите вработени се придржуваат до поставените стандарди.