This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.
Нашите експерти одговараат на најчесто поставуваните прашања
Најдете одговори на најчесто поставуваните прашања поставени од кандидатите за регрутација, за привремени вработувања или за отворени работни места.
Зошто да соработувате со агенција за вработување?
Соработката со агенции за вработување е само еден начин да ги зголемите Вашите шанси да ја пронајдете работата што ја сакате. Агенциите за вработување честопати дејствуваат како „посредник“ кој Ве идентификува и Ве поврзува со потребите за вработување претставени од работодавците. Честопати, работодавците објавуваат отворени позиции преку Агенциите за да го ослободат нивниот деловен систем од временски долгиот процес на регрутирање и избирање на вистинската личност.
Кои услуги ги нуди ДЕКРА?
Услугите што ги нуди ДЕКРА се отстапување на вработени (агенциска работа), консултантски услуги за човечки ресурси и услуги за настани и логистика. Услугите за агенциска работа се однесуваат на привремено вработување (врз основа на административниот модел или моделот на ефективни работни часови), услуги за ангажирање на пробен период или предизбор, регрутација и селекција на кандидати. Услугите вклучуваат креирање и објавување огласи за вработување, избор на кандидати, прибирање документација и изготвување договори за вработување, аплицирање за пензиско и здравствено осигурување, пресметка на плата, исплата на плата и други неопходни административни задачи. Консултантски услуги за човечки ресурси се услуги за регрутација, проценки на потенцијалот, организациона дијагностика и други услуги за човечки ресурси прилагодени на потребите на клиентите. Услугите за настани и логистика вклучуваат промоции, менаџирање со настани и различни методи на истражување на пазарот.
Што се случува откако ќе аплицирам за работа преку ДЕКРА оглас за работа?
Специјалистите за регрутација ги прегледуваат апликациите и биографиите на кандидатите и проверуваат до кој степен искуството на кандидатот ги исполнува барањата за работа наведени од страна на клиентот. Кандидатите од потесниот круг се поканети на интервју со специјалист за регрутација. Потоа, во зависност од проценката на знаењето и мотивацијата за работата, кандидатите се препорачуваат или не се препорачуваат на клиентот. Понекогаш, во оваа фаза, поради специфичните барања на клиентот, неопходно е да се учествува во психолошка проценка или да се провери одредено знаење. Потоа клиентот го превзема кандидатот и спроведува дополнителни рунди на интервјуа и преговори за работа. Доколку кандидатот ја прифати понудата за работа и започне со работа, односно на крајот од процесот на регрутирање, агенцијата ги известува останатите кандидати за исходот од изборот. Биографиите на кандидатите автоматски се чуваат во базата на ДЕКРА до крајот на тековниот избор на работно место, а биографиите на оние кандидати кои дале согласност за задржување на податоците се чуваат до 5 години.
Ако аплицирам за еден од огласите за работа преку ДЕКРА, дали можам да аплицирам за други работни места?
Секако! Можете да аплицирате за онолку работни места колку што сте мотивирани и квалификувани. И доколку позицијата Ви е понудена, Вие решавате дали сакате да го направите следниот чекор.
Кои информации треба да ги содржи биографијата?
Кога ја поднесувате вашата биографија преку отворена апликација или аплицирате за конкретна работа, проверете дали сте ги навеле следниве лични податоци: адреса (улица, град, држава), телефонски број, адреса на е-пошта, информации за образование (училиште, звање, година на завршување), информации за работното искуство со детали за секое работно место (период на вработување, име на компанијата, локација на компанијата, назив на работно место, краток опис на работното место), познавање на странски јазици, возачка дозвола, други информации што ги сметате за важни, на пример лични вештини, интереси и амбиции, хобија.
Можам ли да ја испратам мојата биографија директно до ДЕКРА?
Доколку ја испратите Вашата биографија на една од контакт мејл адресите, ќе бидете пренасочени на страницата за кариера на ДЕКРА, каде што е неопходно да се регистрирате и да отворите профил. Постапката е исклучително едноставна и брза. Агенцијата користи специјализиран деловен софтвер за управување со бази на податоци на кандидати и со бројни процеси на селекција, со цел да бидат поефикасни. Најавувањето преку линкот на страницата за кариера е исто така суштинско за да се информирате за користењето на личните податоци и за давање согласност за користење на вашите податоци.
Зошто понекогаш огласите се анонимни, без име на работодавачот?
Работодавците сакаат професионален пристап кон процесот на вработување, па улогата на посредник ѝ ја доверуваат на Агенцијата за вработување. Анонимноста на огласувањето им гарантира на работодавците непречено одвивање на нивниот секојдневен работен процес, а дискрецијата ја исклучува можноста за „притисок“ врз засегнатите страни; на тој начин работодавачот го задржува својот интегритет. Агенцијата обезбедува строга доверливост на апликациите, а на избраните кандидати им дава информации за работодавачот приватно, и потоа им нуди можност да изберат дали сакаат да аплицираат за работното место кај конкретниот работодавач.
Може ли интервјуто со агенцијата да го направам онлајн?
ДЕКРА спроведува онлајн интервјуа и состаноци, како и онлајн тестирање и проценка на знаењата и вештините. Пред пандемијата COVID-19, овој начин на работа беше резервиран за првите интервјуа со кандидати надвор од Скопје. Од март 2020 година, речиси исклучиво правиме интервјуа преку видео повик. ДЕКРА ја користи платформата Microsoft Teams, која е многу едноставна и практична. Откако ќе договорите интервју со специјалистот за регрутација по телефон, ќе добиете покана за состанокот со линк за приклучување. Ако користите мобилен телефон, треба да ја инсталирате апликацијата; инсталацијата нема да биде потребна ако користите компјутер или лаптоп.
Зошто процесот на вработување трае толку долго?
ДЕКРА како посредник кој како примарна дејност го има регрутирањето, постојано се труди фазата на регрутирање (огласување и интервјуирање на кандидати) да ја спроведе во најкраток можен рок, кој може да трае од 2 до 3 седмици. Следејќи ја препораката, работодавачот го одредува темпото на понатамошните чекори. Зависи од тоа како работодавачот ќе го организира своето време и ќе спроведе интервјуа со препорачаните кандидати, а исто така и колку време ќе им биде потребно за следните рунди интервјуа и донесување на конечната одлука. Овој процес понекогаш може да се заврши брзо, но во просек се потребни 5 до 6 седмици.
Како функционира привремено вработување преку агенција за вработување?
Агенциската работа е деловен модел помеѓу агенцијата, корисникот (компанијата во која се отстапени агенциските работници) и вработениот кој е отстапен на корисникот. Агенцијата и корисникот склучуваат Договор за отстапување на вработените, кој ги опфаќа сите важни карактеристики на деловната соработка пропишани со Законот за работни односи и Закон за приватни агенции. Потоа агенцијата и работникот склучуваат договор за вработување со кој работникот се вработува и се отстапува да работи кај корисникот.
Кој е работодавач на агенцискиот работник?
Агенцијата го пријавува работникот за задолжително пензиско и здравствено осигурување. Во таа смисла, агенцијата се смета за работодавач на работникот што го отстапува/обезбедува на клиентот за одреден период под одредени услови. Во однос на обврските кои ја регулираат безбедноста и здравјето при работа, корисникот/клиентот се смета за работодавач според Законот за работни односи и Законот за приватни агенции.
Дали агенцијата за привремени вработувања зема провизија од агенциските работници?
Агенцијата не наплаќа и не може да наплаќа провизија од работникот согласно член 25 од Законот за приватни агенции.
Дали плаќам провизија како кандидат за работа користејќи ја услугата за регрутација и селекција?
Нашите услуги се бесплатни за кандидати/баратели на работа. Можете да се регистрирате на нашиот веб сајт или да аплицирате за огласите за работа што ги нудиме бесплатно, а ние ќе Ве контактираме и ќе Ви понудиме работа што ќе одговара на Вашето искуство и образование.
Дали агенцијата ги покрива патните трошоци за интервјуто?
ДЕКРА не ги покрива трошоците за превоз што може да настанат при пристигнување или патување на интервју со агенција или потенцијален работодавач. Понекогаш работодавачите ги покриваат трошоците за превоз на кандидатите доколку се очекува од нив да патуваат за да присуствуваат на последните рунди на интервјуа, но првите рунди интервјуа обично не се покриени со надоместок за патување.
Што е плата?
Плата и надоместок за плата во смисла на Законот за работни односи се плата и надоместок на плата во БРУТО износ. Потребно е да се разликуваат 2 облици на плата: 1. НЕТО плата, 2. БРУТО плата.
Што е НЕТО платата?
НЕТО плата го претставува износот добиен по одбивањето на придонесите, персоналниот данок на доход и дополнителниот данок на доход од БРУТО износот.