decor
Консалтинг за човечки ресурси

Психолошки проценки, 360° метод за оценување на перформансите на менаџментот, центар за проценки и слични услуги.

Проценете го потенцијалот на вашиот персонал и создадете подобра насока за нивниот понатамошен развој.

Тестирањето и оценувањето ја одредуваат стручноста на вработениот за одредени позиции, неговите бизнис интереси, мотивацијата, работните вредности, како и потенцијалот за напредок (способност за брзо учење, иницијатива при решавање проблеми и сл.).

Услугата за психолошка проценка вклучува:

  • Составување сетови на тестови и прашалници ,базирани на анализа на работата и идните барања за позицијата.
  • Избор од богата база на податоци со тестови за интелектуални способности, прашалници за личноста, професионална ориентација, мотивација и работни вредности, претпочитани тимски улоги, справување со стрес, невропсихолошки тестови и тестови за оценување на
  • Интервју базирано на компетентност (CBI) – спроведување интервју базирано на компетентност.
  • Толковен извештај за секој оценет кандидат кој содржи јасни информативни описи, графикони, препораки и предлози во врска со кандидатот.

Центар за проценка / Центар за развој

Процедура која покрај психолошко оценување вклучува и практични задачи, симулирање на работни улоги и реални деловни ситуации со голем број оценувачи. Се користи при оценување на кандидат за сложени работни позиции, пред да се инвестира во обука на вработениот, или кога се унапредува вработен на повисока позиција.

КОНСАЛТИНГ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ - УСЛУГИ

Заинтересирани сте да работите со нас? Испратете ни барање - не превземате никакви обврски.

    Прашање или порака *